Нитрофурантоин Ерудита/ Nitrofurantoin Erudita сируп за деца
Новини

  македонски

 

 

нитрофурантоин ерудита/ nitrofurantoin erudita сируп за деца

 

оралните суспензии (неправилно нарекувани сирупи) се удобна форма за прилагање на лекарствени средства кај бебиња и деца, како и кај возрасни пациенти, кои неможат да голтаат таблетки или капсули.

екипата на централна научна апотекарска лабораторија во состав на педиатарска апотека ерудита предлага нитрофурантоин/ nitrofurantoin во форма на индивидуално дозирана суспензија/ сируп за деца. лекот може да се издава само со лекарски рецепт.

за потребите на пациентите во македонија централна научна апотекарска лабораторија во состав на педиатарска апотека ерудита може да произведе нитрофурантоин суспензија во индивидуална доза и количина зададена од страна на македонскиот лекар. необходно е да ни биде изпратена рецепта, скенирана или сликана со помош на мобилен телефон на нашата електронска пошта.  

во различни светски држави нитрофурантоинот се среќава под различни трговски имиња: нитрофуран/ nitrofuran, орафуран/ orafuran, макродантин/ macrodantin, фуролин/ furolin, пиелосептил/ pyeloseptil, фурадантин/ furadantine, нитро макро/ nitro macro, макробид/ macrobid. централна научна апотекарска лабораторија го именува со меѓународно име нитрофурантоин.

 

за произвотство на нитрофурантоин/ nitrofurantoin капсули за возрастни прочитај тука >>> 

 

нитрофурантоин/ nitrofurantoin е антибиотик, кој се користи при лекување и профилакса на инфекции на урогениталниот тракт, предизвикани од грам-позитивни и грам-негативни бактерии, како e. coli, klebsiella, enterobacter, enterococci, s. aureus. отпорни на нитрофурантоин/ nitrofurantoin се:pseudomonas, serratia и повеќето видови на proteus.

 

ризик фактор при бременост: в – контраиндициран при бременост

 

да се користи со особено внимание кај пациенти со: гликозо-6-фосфат дехидрогеназен дефицит, анемија, дефицит на витамин б, диабет и при проблеми со електролитен дизбаланс.

 

 

контраиндикации: да не се користи кај алергични кон нитрофурантоин/ nitrofurantoin, бубрежна слабост, новородени под 1 месечна возраст (опасност од развивање на хемофиличка анемија), бремени жени, доенчиња и мали деца со покачена телесна температура со потекло од бубрежни инфекции.

 

 

лекарствени взаимодејствија: пробенецид/ probenecid ја намалува бубрежната екскреција на нитрофурантоин/ nitrofurantoin, антиацидните лекови ја намалуваат брзината и количината на ресорбираниот нитрофурантоин/ nitrofurantoin.

 

 

взаимодејствија со храна: храната ја зголемува ресобцијата на  нитрофурантоин/ nitrofurantoin. сок од црвени боровинки и други што ја подкиселуваат урината го засилуваат ефектот нанитрофурантоин/ nitrofurantoin. хранењето треба да биде богато со витамини од групата б.

 

 

взаимодејствија сo клинички тестови: нитрофурантоин/ nitrofurantoin може да доведе до лажно-позитивен резултат за гликоза во урината.

 

-------------------------------------------

прашање за моментална цена:

напишете го прашањето за моменталната цена во оддел контакти на сајтот.

 

услови за обработка на вашето прашање:

напишете порака во оддел контакти на сајтот соследните информации:

1. за каква здравствена состојба се работи (диагноза);

2. за кој лек, лекарствен продукт е вашето прашање;

3. име и презиме на пациентот;

4. возраст и тежина на пациентот;

5. име и телефон за контакт со вас.

 

прашање за лек кој се издава со рецепта:

напишете го прашањето за лекот кој се издава сорецепта во оддел контакти на сајтот.

ако не можете да ја прочитате рецептата, ќе ви биде дадена адреса на електронска пошта, на која да јаизпратите слика на рецептата (скенирана или сликана сомобилен телефон).

----------------------------------

 

педиатарска аптека ерудита 

Спира се производството на Преднизолон еФ/Prednisolon F таблетки

Препаратът отпада от номенклатурата на регистрираните за употреба в България лекарствени продукти

SonoVue/ Соновю контрастна материя за ехография

SonoVue/ Соновю контрастна материя за ехография

Представителството на италианската фирма за контрастни материи Бракко/Bracco регистрира препарата SonoVue/ Соновю

Изтеглят Хексоралетен / Hexoraletten заради печатна грешка на опаковката

Изтеглят Хексоралетен / Hexoraletten заради печатна грешка на опаковката

Вместо с Ъ (ер-голям) думата "гърло" била изписана с Ь (ер-малък)

Пулмогел/ Pulmogel от Педиатрична аптека Ерудита замества спрения вече Пулмекс Бейби/ Pulmex Baby

Пулмогел/ Pulmogel от Педиатрична аптека Ерудита замества спрения вече Пулмекс Бейби/ Pulmex Baby

Централната научна аптечна лаборатория при Педиатрична аптека Ерудита се погрижи за малките цеда, след като представителството на фармацевтичната фирма Новартис/ Novartis преустанови вноса на препарата Пулмекс/ Pulmex

5% надолу лятна цена за Мис Карол и Мистър Рино!

5% надолу лятна цена за Мис Карол и Мистър Рино!

Фирмата-вносител анонсира лятна по-ниска цена за апаратите Мис Карол и Мистър Рино поради засиления интерес към детските форми на нелизаторите на Артсана


Бюлетин
Запиши се
Условия за ползване
©2009 Педиатрична аптека Ерудита. Всички права запазени.